Линкови за пристапност

Убиен ирански професор по нуклеарна физика


Во бомбашки напад во Техеран е убиен ирански професор по нуклеарна физика.

Официјални лица велат дека подметната бомба во мотоцикл експлодирала пред домот на Масуд Али Мохамади, нуклеарен научник и професор на Универзитетот во Техеран.

Државната телевизија ги обвини американски и израелски агенти за експлозијата и гo опиша Мохамади како поддржувач на Исламската револуција од 1979-та со која исламските свештеници дојдоа на власт.

Сепак, прореформски веб-страници објавија дека името на Мохамaди е на листата на универзитетски професори кои го поддржале опозицискиот лидер Мир Хосеин Мусави на претседателските избори во јуни.

Иранската опозиција го обвини претседателот Махмуд Ахмединеџад за лажирање на гласањето во јуни со цел да биде ре-избран на функцијата, по што почнаа анти-владини протести во изминатите шест месеци.

XS
SM
MD
LG