Линкови за пристапност

Клинтон во Хаваи се среќава со јапонскиот колега


Американската државна секретарка Хилари Клинтон се среќава со јапонскиот министер за надворешни работи Катсуја Окада во Хаваи на разговори каде фокусот ќе биде несогласувањето околу американската воена база на Окинава.

Ова е прва станица од нејзината пацифичка турнеја, при што ќе ги посети Австралија, Нов Зеланд и Папуа Нова Гвинеја.

Во понеделникот, секретарката Клинтон рече дека очекува да се фокусира на важноста од 50-годишните врски меѓу САД и Јапонија, еден од најважните сојузници на Вашингтон во регионот.

Но, судбината за американската воздушна база Футенма во Окинава од неодамна доминира во меѓусебните односи.
Новиот јапонски премиер Јукио Хотојама го покрена прашањето за договорот од 2006-та и побара дислоцирање на базата од густо населените урбани делови во помалку населени области на островот.

Некои политички фракции во Јапонија ја истакнаа можноста за целосно заминување на Американците од островот.
Белата куќа сака да продолжи со првично договорениот план.

За време во Хаваи, Клинтон ќе има обраќање за американската национална стратегија во Азија.

XS
SM
MD
LG