Линкови за пристапност

САД: Расте увозот, но и трговскиот дефицит


Американскиот трговски дефицит се прошири за 9,7 проценти во ноември, заради тоа што Американците купуваа повеќе увезена стока.

Извештајот од Одделот за трговија покажа дека трговскиот јаз се зголемил на 36,4 милијарди долари во ноември. Претходниот месец тој изнесуваше 33,2 милијарди долари.

Аналитичарите очекуваат американските потрошувачи и бизниси да ја зголемат потрошувачката на странска стока во време кога се подобрува американската економија.

Во меѓувреме, извозот на американска стока порасна во ноември за 0,9 проценти.

Тоа се толкува како резултат на зголемената побарувачка за американски автомобили и индустриска машинерија.

Побарувачката од Кина достигна рекордно ниво, 7,3 милијардин долари, што во најголем дел се должи на трговијата со соја.

XS
SM
MD
LG