Линкови за пристапност

Извештај: Глобалната слобода опаѓа четврта година по ред


Група за следење на човековите права во светот со седиште во САД, Фридом Хаус, вели дека глобалната слобода се намалила минатата година четврта година по ред. Опаѓањето претставува најдолг негативен тренд во 40-годишната историја на организацијата.

Директорот Арч Падингтон кажа дека опаѓањето било забележливо во речиси сите делови на светот, а особено во Африка, Јужна Америка, поранешен Советски сојуз и Блиски исток.

Фридом Хаус вели дека во Азија има најголеми подобрувања, а во Африка најголемо опаѓање.

Македонија сепак доби позитивна оценка. Како што вели Кристофер Вокер, директор на студиите во Фридом Хаус, стрелката нагоре во трендот се објаснува со претседателските и локални избори кои биле оценети како чесни и компетитивни од надворешни набљудувачи и заради имплементацијата на реформи препорачани по парламентарните избори во 2008.

XS
SM
MD
LG