Новиот специјален американски пратеник за следење на состојбата со човековите права во Северна Кореја Роберт Кинг смета дека учинокот на земјата е „ужасен“. Тој вели дека Северна Кореја е „едно од најлошите места“ во однос на човековите права.
Кинг ова го изјави во Сеул, на првиот ден од посетата за собирање на факти, за време на која ќе се сретне јужнокорејскиот министер за надворешни работи Ју Мјунг-хван и други официјални лица.
Кинг ја повика Северна Кореја да го ослободи американскиот граѓанин кого Пјонгјанг го уапси во декември за наводен илегален влез. Според медиумски извештаи, приведениот Американец е Роберт Парк, активист кој на католички Божиќ преминал во Северна Кореја од Кина за да пренесе порака за христијанството и човековите права.
Кинг не го потврди идентитетот на приведениот, но рече дека САД бараат нови информации за неговата состојба и побара да биде ослободен.