Линкови за пристапност

Северна Кореја бара мировен договор со САД и укинување на санкциите


Северна Кореја повика на мировни зарговори со САД и прекин на санкциите, како услов за продолжување на шестраните разговори за нуклеарно разоружување.

Севернокорејското министерство за надворешни работи во соопштение од понеделникот наведува дека продолжувањето на разговорите зависи од мировен договор со САД. Корејската војна, што траеше од 1950-та до 1953-та, заврши со примирје, а не со мировен договор.

Во изјавата стои дека договорот е клучен за прекин на „состојбата на војна“ што била „коренита причина“ за напнатите односи меѓу САД и Северна Кореја.

Советот за безбедност на ОН во јуни воведе нови санкции против Северна Кореја откако Пјонгјанг изведе два теста на нуклеарно оружје.

Во 2005-та, Северна Кореја потпиша спогодба со САД, Кина, Русија, Јапонија и Јужна Кореја, што воспоставува рамка за севернокорејското нуклеарно разоружување и мировен договор. Петте држави се обидуваат да ја убедат Северна Кореја да ја прекине својата нуклеарна програма во замена за финансиски и дипломатски поттици.

XS
SM
MD
LG