НАТО понеделникот соопшти дека шест странски војници загинале во Авганистан, што претставува еден од најсмртоносните денови за странските сили изминативе месеци. Според Алијансата, тројца американски војници загинале во борби во јужен Авганистан, а други двајца странски војници во источниот дел на земјата. Француски претставници, пак, соопштија дека еден нивни војник го загубил животот, а друг бил сериозно повреден во напад околу 80 километри североисточно од Кабул.
Во меѓувреме, главниот американски командант во Авганистан, генералот Стенли Мекристал, тврди дека зголемувањето на бројот на американски војници го спречило напредувањето на Талебан. Во интервју за ТВ-мрежата Еј-Би-Си, генералот рече дека американската армија го променила начинот на кој оперира и остварува напредок во убедувањето на Авганистанците дека странските сили се наоѓаат во земјата за да ги заштитат.