Линкови за пристапност

Новиот хрватски претседател сака земјата да стане модел за демократија и човекови права


Новиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ сака неговата земја да стане модел за демократија и човекови права, во време кога се движи на патот за членство во Европската унија во 2012-та.

Јосиповиќ говореше пред симпатизерите во Загреб откако изборните резултати потврдија дека однел победа во вториот круг со околу 60 проценти од гласовите пред противкандидатот, градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ.

Јосиповиќ, кој е професор по право и композитор на класична музика, коментираше дека секој Хрват победил на изборите. Тој рече дека сите Хрвати сакаат да живеат во држава каде се наградува работата, а се казнува криминалот и вети дека ќе ја зајакне правната држава, малцинските права и верските слободи во Хрватска.

Новиот хрватски претседател во кампањата најави дека ќе се бори против корупцијата и организираниот криминал – главните услови за членство во ЕУ и дека ќе работи на подобрување на животниот стандард.

XS
SM
MD
LG