Американската државна секретарка Хилари Клинтон од понеделник е на 10-дневна азиско-пацифичка турнеја посветена на безбедноста, развојот, заштитата на човековата средина и одржувањето цврсти врски со неколку земји од регионот.
Клинтон најпрвин на Хаваите ќе му биде домаќин на јапонскиот министер за надворешни работи Кацуја Окада. САД и Јапонија се во спор околу релоцирање на американската воздухопловна база Футенма на префектурата Окинава. Според договор од 2006-та, базата треба да биде преместена од густа урбана област во крајбрежен регион. Но, дел од политичките фракции во Јапонија сакаат базата целосно да замине од Окинава.
Клинтон потоа ќе замине во посети на Папуа Нова Гвинеја, Нов Зеланд и Австралија.