Филмот Аватар на режисерот Џејмс Камерон четври викенд по ред е на првото место по продажба на влезници во кино-салите во САД. Оваа научнофантастична сага само минатите сабота и недела заработи цело богатство - 48,8 милиони долари. Вкупно досега, дома и во странство, филмот има инкасирано 1,34 милијарди. Аватар се наоѓа на второ место по заработувачка на сите времиња. Се` уште најгледан филм на сите времиња е Титаник со 1,8 милијари долари. Џејмс Камерон има причина да биде задоволен – обата филма се во негова режија.
Следниот викенд се очекува Аватар особено добро да мине, затоа што во САД ќе има продолжен викенд - понеделник е неработен ден поради празникот Ден на Мартин Лутер Кинг.
На второ и трето место изминатиот викенд немаше промени – новото филмско видување на познатиот детектив „Шерлок Холмс“ оствари 16, 6 милиони долари, додека семејната комедија „Алвин и вервериците“ заработи 16,3.