Линкови за пристапност

Приведени двајца - за нападот врз селекцијата на Того


Полицијата во Ангола приведе двајца осомничени за нападот врз националниот фудбалски тим на Того од петокот, во кој загинаа помошник-тренерот и портпаролот на екипата, како и возачот на нивниот автобус. Осомничените биле приведени во богатата со нафта провинција Кабинда, каде беше извршен нападот.

Официјални лица велат дека осомничените се членови на сепаратистичката група Фронт за ослободување на енклавата Кабинда, која презеде одговорност за нападот. Групата трди дека не целела на селекцијата на Того, туку на анголските сили за безбедност.

Според лекарски извори, голманот на Того е во стабилна состојба во болница во Јужна Африка, каде беше опериран поради сериозни повреди од огнено оружје во нападот. Селекцијата на Того поради нападот се повлече од натпреварувањето во Африканскиот куп.

XS
SM
MD
LG