Линкови за пристапност

75-годишнина од раѓањето на Елвис Присли


Од неговото родно место, Тупело, во Мисисипи, до Сиднеј, Австралија, обожавателите на легендарната музичка ѕвезда Елвис Присли го слават денот што би бил негов 75-ти роденден.

Неговата поранешна сопруга Присила и ќерката Лиса Мари ја водеа специјалната церемонија во Грејсленд, каде е имотот на пејачот во Мемфис, Тенеси. На настонот доминираше роденденска торта во негова чест.

Во Грејсленд изминативе денови се одржаа голем број настани за одбележување на неговиот роденден. Специјални тури и настани се планирани во неговиот скромен дом во Мисисипи, каде што Елвис бил роден. .

Во Австралија, армија од лица облечени како Елвис се качија на специјален воз во Сиднеј за годишниот фестивал во негова чест во Австралиски аутбек. Околу 10.000 лица дојдоа на мала фарма во Нов Јужен Велс, каде има концерти пет дена, парада и натпреварувања – кој е подобар Елвис.

XS
SM
MD
LG