Линкови за пристапност

Двајца уапсени за заговор за напад на Њујорк


Американските власти уапсија две лица како дел од истрагата по наводен заговор за бомбашки напад во Њујорк.

Официјални лица од Еф-Би-Ај велат дека Адис Медуњанин и Зареин Ахмедџај биле уапсени во петок во Њујорк од њујоршкото биро за терористички задачи.

Истражителите наведуваат дека двете лица се поврзани со човек од Колорадо, роден во Авганистан, Наџибулах Зази, кој беше уапсен минатата година и е обвинет за заговор за употреба на оружје за масовно уништување. Тој се изјасни како невин.

Нема детали за обвинителните акти против двајцата, но тие ќе се појават пред њујоршки суд подоцна во петок.

Кога Зази беше уапсен во септември, истражителите кажаа дека знаат за тројца негови соработници, но тогаш не ги објавија нивните имиња.

XS
SM
MD
LG