Линкови за пристапност

Гејтс останува на функцијата секретар за одбрана


Портпаролот на Пентагон Џеф Морел рече дека Гејтс се сретнал со американскиот претседател Барак Обама пред Божиќ, и дека притоа Гејтс му рекол на претседателот дека е почестен да служи уште една година.

Гејтс ја поддржа одлуката на претседателот за испраќање дополнителни 30.000 војници во Авганистан. Тој предупреди дека без американска помош, Авганистан може да стане засолниште за Ал-Каида и талебанските милитанти.

Одлуката на Гејтс да остане на функцијата значи дека ќе го надгледува и континуираното намалување на американското присуство во Ирак, што се планира до август да биде 50.000.

XS
SM
MD
LG