Линкови за пристапност

Мекејн: САД мора да продолжат со напаѓање на милитантите во Пакистан


Американски законодавци велат дека пакистански официјални лица во САД не може да си дозволат отфрлање на контроверзните напади со проектили.

Сенаторот Џон Мекејн се сретна со пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани во петок.

Мекејн рече дека единствен начин да се поразат милитантите кои се обидуваат да убијат американски војници и да ја поткопаат владата во соседен Авганистан е да се уништат „во сржта“ и да се погодат на локации каде планираат и од каде оркестрираат напади.

Претходно, пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари рече дека нападите со американски беспилотни летала го поткопуваат „ националниот консензус“ за битката на државата против милитантите.

САД и Исламабад исто така се обидуваат да работат на надминување на разликите за престојот на американски дипломати и работници во Пакистан.

Мекејн рече дека ако Пакистан не им даде визи на Американците, тогаш ќе биде тешко да се обезбеди помош и грантови за таа земја.

XS
SM
MD
LG