Линкови за пристапност

Осомничениот за неуспешниот напад на американски авион излегува пред суд 


Американските обвинители велат дека Умар Фарук Абдулмуталаб ќе го слушне обвинението против него за време на денешното рочиште во Детроит.Федералната голема порота порано неделава покрена обвинение против 23-годишниот Нигериец по шест кривични основи, вклучувајќи обид за употреба на оружје за масовно уништување и обид за убиство. Тој може да се соочи со доживотен затвор.


Обвинителите велат дека Абдулмуталаб се обидел да детонира експлозив скриен во неговата долна облека за време на летот од Амстердам за Детроит.


Обезбедувањето во судницата ќе биде на високо ниво. Се очекуваат протести надвор, вклучувајќи и една муслиманска група што планира да ги осуди наводните акции на осомничениот.


Американскиот претседател во врска со случајот кажа дека американските агенции потфрлиле да ги поврзат и разберат податоците што им биле достапни.
XS
SM
MD
LG