Американски официјални лица најавија нова рунда разговори на високо ниво со цел да се рестартираат израелско-палестинските мировни преговори.
Портпаорлот на Стејт департментот Пи Џеј Кроли вели дека државната секретарка Хилари Клинтон ќе се сретне во Вашингтон со министрите за надворешни работи на Јордан и Египет. На средбите ќе учествува и специјалниот американски пратеник за Блискиот исток Џорџ Мичел.
Кроли рече дека Мичел потоа ќе замине за Париз и за Брисел за средби со неарапските сојузници и со други членови од таканаречениот Меѓународен квартер за Блискиот исток.
Израелско-палестинските мировни преговори се во застој изминатите месеци, особено поради проблемот со израелските населби на Западниот брег.
Квартет го повика Израел да престане изградба на доселенички населби, а палестинските лидери ги повика да се борат против насилниот екстремизам.