Линкови за пристапност

Лице отстрането од авион заради анти-еврејски изјави


Лице од Охајо е отстрането од авион во Мајами, Флорида, откако предизвикало вознемиреност со извици дека „сака да ги убие сите Евреи".

Полицијата од Мајами вели дека 43-годишниот Мансор Мохамад Асад од Толедо, Охајо, бил уапсен доцна во среда и обвинет за непристојно однесување, давање отпор при апсење и заканување на полицаец.

Полицијата вели дека Асад бил патник на лет на Нортвест Ерлајнс што заминувал за Детроит. Тие велат дека авионот тргнал по пистата кога Асад почнал да причинува неред со гласни анти-семитистички извици, велејќи дека бил Палестинец и дека сака да ги убие сите Евреи.

Пилотот го вратил авионот на терминалот и Асад бил изведен надвор и претресен. Не било откриено оружје кај него, но полицијата вели дека бил вербално насилен и им се заканувал на полицајците со стиснати тупаници, што ги натерало да употребат на него пиштол за шокирање.

Тројца други лица се приведени заедно со Асад, но за нив полицијата не дала информации.

По дополнителна проверка на авионот му е дозволено да замине за Детроит.

XS
SM
MD
LG