Американецот Раџив Шах треба да даде заклетва како
раководител на врвната американска служба за помош за странство, Агенцијата за
меѓународен развој, или УСАИД.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон ќе ја
администрира заклетвата на Шах во четврток, во Вашингтон.
Американскиот претседател Барак Обама го номинираше
36-годишниот лекар за оваа функција, а американскиот сенат ја потврди
номинацијата минатиот месец.
Шах претходно работеше како директор за развој на
земјоделието со Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, а подоцна вбеше на
раководна функција во Американскиот оддел за земјоделие.
Администрацијата на Обама има планови за проширување на агенцијата и удвојување на буџетот во наредните години, со посебна нагласка на Авганистан.