Линкови за пристапност

НБА: Гилберт Аринас - суспендиран


Во Националната кошаркарска асоцијација, Гилберт Аринас од Вашингтон Визардс е суспендиран на неограничено време без плата заради внесување пиштоли во соблекувалната на неговиот тим, во вашингтонскиот Верајзон Центар.

Во соопштение објавено во среда, комесарот на НБА Дејвид Стерн, кажа дека постапките на Аринас довеле до неговото суспендирање и дека неговото натамошно однесување го навеле да верува оти Аринас во моментов не е подобен да биде на игралиште на НБА.

Аринас беше под истрага заради внесување четири пиштоли во соблекувалната на Визардс. Аринас кажа дека сакал да ги изнесе пиштолите од дома по раѓањето на неговото последно бебе. НБА стриктно забранува поседување на огнено оружје на имотот на лигата.

Аринас призна дека „направил лоша оценка", но исто така направи и неколку шеговити коментари по прашањето. Затоа, комесарот Стерн решил да ја суспендира ѕвездата на Визардс на неодредено време во исчекување на резултатот од истрагата на НБА.

Зависно од резултатите на истрагата, Визардс може да се повикаат на моралната клаузула во договорот на играчот, и тој може да го изгуби преостанатиот дел од 111-те милиони долари според договорот потпишан во 2008.

XS
SM
MD
LG