Линкови за пристапност

Клинтон ќе посети три пацифички држави


Американската државна секретарка Хилари Клинтон ќе посети три пацифички држави на турнеја чиј фокус ќе биде безбедноста, развојот, заштитата на животната средина и одржувањето силни билатерални врски.

Стејт департментот објави дека Клинтон најпрво во Хаваи, на 12 јануари, ќе има говор за мултилатералната вклученост во азиско-пацифичкиот регион. Таа ќе се сретне со лидерите на американската армиска пацифичка команда.

Оттаму, првиот дипломат на САД ќе отпатува за Папуа Нова Гвинеја, каде Стејт департментот вели дека ќе се сретне со владини официјални лица, како и со лидерите од граѓанскиот сектор за дускусија во врска со заштитата на животната средина и охрабрувањето на жените да заземат позначајна улога во општеството.

Клинтон потоа патува за Окланд, Нов Зеланд, на разговори со премиерот Џон Ки и други официјални лица. Таа ќе се сретне со американски и новозеландски ветерани во воениот Меморијален музеј на Окланд.

Понатаму, во Австралија, Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејтс ќе се сретнат со австралиските колеги на годишни консултации за глобалните и регионалните безбедносни предизвици.

XS
SM
MD
LG