Линкови за пристапност

Пакистан: 12 убиени во наводни напади со американско беспилотно летало


Пакистански разузнавачки претставници велат дека најмалку 12 лица биле убиени во два наводни напади со американско беспилотно летало во близина на границата со Авганистан.

Официјални лица велат дека два проектила погодиле осомничена милитантна локација во племенскиот регион Северен Вазиристан во среда, убивајќи седум лица.

Кусо време потоа, тие велат дека петмина биле убиени во втор напад на локацијата кога луѓето сакале да ги преземат телата на преживеаните од под урнатините предизвикани од првиот напад. Милитантите во племенските региони често ги опколуваат целите на проектилски напади во потрага по преживеани.

Северен Вазиристан се смета за упориште на мрежата Хагани што е поврзана со Талебан во Авганистан и е засолниште за борци на ал-Каида.

Во меѓувреме, пакистанската полиција вели дека бомбаш самоубиец убил најмалку четворица војници и ранил десетина други во делот на Кашмир со кој управува Пакистан.

XS
SM
MD
LG