Македониија нема многу изгледи во 2010 да ја подбри анемичната економска ситуација. На ова укажуваат екпертите, но и претставниците на бизнис заедницата. Металуршката индиструја, која учествува со осум проценти во бруто домашниот производ и со 45 проценти во трговскиот баланс, најави нов пад на производството како и отпуштања на работници. Тоа се очекува да нанесе дополнителен удар врз и онака големиот трговски дефицит на Македонија.
„Немаме субститут кој ке го компензира овој нов удар врз трговскиот дефицит. Има некои потенцијали во прехранбената и дрвната идустрија, но на кус рок. Тешко е да се очекува дека тие можат да променат нешто позначајно“, вели професорот Абдулменаф Беџети. Според него државата треба да се задолжи од поволни меѓународни извори и да поддржи реструктуирање на стопанството во насока на подршка на нови индустриски гранки кои би го зголемиле извозот.
Во бизнис заедницата се поддржува овој став на теоретичарите.
„Наше барање е да се промени структурата на стопанството, на домашните инвеститори да им се даде подеднаков третман како и на странските, како и да се овозможи поголема ликвидност на пазарот и пониски банкарски камати. Во тие услови бизнисмените би можеле да размислуваат за инвестиции кои ке ја подобрат извозната компонента, но во дадените констелации тешко е да се мисли на тоа“, вели Стојмирка Тасевска од Стопанската комора.Таа најавува дека Стопанската комора е во фаза на изготување на нов пакет мерки кои ќе и го предложи на владата со цел да се подобри еконмската состојба во 2010 година.
Од Сојузот на стопански комори, пак, велат дека работат на кампањи за виното како македонски бренд, а слични активности има и на планот на текстилната индустрија. Сепак тоа се акции кои би можеле да донесат резултати на подолг рок, вели Митко Алексов од Сојузот на стопански комори.
Во секој случај нашите соговорнци се согласни дека на кус рок, во наредните шест месеци или година, тешко ќе биде да се предвиди подобрување на состојбите во економијата.
„Има идиции кои укажуваат на недомаќинско водење на политиките во секторот на економијата што, пак, не` води до заклучок дека нема да има подбрување“, вели професорот Беџети. Според него во 2010 нема да дојде ни до намалување на стапката на невработеност која е преку 30 отсто што Македонија ја прави да биде прва во Европа според бројот на невработени. Нови работни места нема да има а дури во првите шест месеци од годината, а може да дојде и до нови отпуштања од работа, вели Стојмирка Тасевска од Стопанската комора. Подобри предвидувања на оваа чуствителна тема немаат ни во Сојузот на стопаснки комори.