Линкови за пристапност

Разузнавачките претставници велат ја примиле пораката од претседателот


Висок претставник на САД вели дека разузнавачките агенции „ја примиле" пораката по вчерашното обраќање на претседателот Барак Обама во врска со обидот за напад на авион упатен за САД на 25 декември.

По средбата со Обама, директорот на националното разузнавање Денис Блер вети „ спречување, надмудрување и поразување" на новата тактика на терористите и кажа дека разузнавачките агенции ќе сторат се` што треба за спречување на идни терористички напади.

Во вторник Обама кажа дека неуспехот да се запре заговорот за соборување на авион бил „потфрлање што можело да биде катастрофално". Тој рече дека американските разузнавачки агенции имале доволно докази за запирање на осомничениот Умар Фарук Абдулмуталаб да влезе на летот од Амстердам за Детроит, но не го направиле потребното поврзување.

Обама побара специфични препораки за поправање на грешките на разузнавањето. Тој исто така вети промени во аеродромското обезбедување и протоколи на проверка, и кажа дека националните листи за следење на терористи на кои не смее да им се дозволи качување на авион треба да се подобрат.

Обама нареди ревизија да се утврди како Абдулмуталаб внел експлозив на летот упатен кон САД, и тоа откако таткото на осомничениот ги предупредил американските претставници за радикалните погледи на неговиот син.

XS
SM
MD
LG