Линкови за пристапност

Бугарски автор на книги за организиран криминал убиен во Софија


Бугарски официјални лица јавија дека познат радио-водител кој напишал книги за организираниот криминал е убиен во Софија.

Бугарското министерство за внатрешни работи соопшти дека Борис Боби Цанков бил застрелан во прометен дел на главниот град. Две лица кои биле со него се сериозно повредени.

30-годишниот Цанков неодамна примил смртни закани поради објавување книга базирана на неговите врски со раководителите на бугарското криминално подземје.

Уште еден поранешен член на банда и автор на книга, Ѓорѓи Стоев беше убиен во центарот на Софија пред две години во сличен инцидент.

XS
SM
MD
LG