Линкови за пристапност

Анкета: Aмериканците незадоволни на работа


Истражување на јавно мислење покажа растечко незадоволство меѓу вработените во САД. Најновата студија на Конференцискиот борд покажа дека помалку од половината од сите Американци се среќни со работата што ја имаат.

Бизнис групата вели дека има постојан пад на бројката луѓе кои си ја сакаат работата во изминатите 20 години.

Трендот може да е тешко брзо да се поправи затоа што нововработените се најмалку задоволни од работата. Помалку од двајца од петмина анкетирани под 25 годишна возраст искажале позитивни оценки за нивната работа.

Во студијата се интервјуирани пет илјади вработени, кои изразиле најголемо незадоволство со плановите за делење вишоци и политиката на напредување во кариерата.

Авторите на студијата велат дека несреќните работници се помалку продуктивни, не соработуваат и се помалку креативни од нивните колеги.

XS
SM
MD
LG