Линкови за пристапност

Глас на Америка: Иран заплашува со забрана на комуникација со медиуми


Првиот човек на Гласот на Америка вели дека иранската влада се надева дека ќе ги заплаши нивните граѓани со забрана на контакти со околу 60 организации од странство како Гласот на Америка и Би-Би-Си.

Данфорд Остин рече дека се надева оти Иранците кои веруваат во правото на слободен говор ќе продолжат да комуницираат со Гласот на Америка, така што другите Иранци и луѓето ширум светот ќе го видат, како што рече, „угнетувачкото свртување на настаните" во Иран.

Тој рече дека е срамно што ирански официјални лица стравуваат од размислувањата и зборовите од сопствениот народ.

Иранските медиуми го цитираа заменикот министер за разузнавање за надворешни работи кој вели дека забранетите групи одиграле улога во потпалување на пост-изборното насилство.

Еден стручњак за иранско право вели дека забраната граѓаните да зборуваат со странски медиуми нема законска издржаност во иранскиот устав.

XS
SM
MD
LG