Шефот на американското армиско разузнавање во Авганистан вели дека американските разузнавачки агенции премногу се фокусирани на собирање податоци за бунтовничките групи, а недоволно на авганистанскиот народ кого меѓународните трупи сакаат да го придобијат.
Во нов извештај за слабостите на разузнавачката заедница, генералот Мајкл Флин кажа дека главните лидери се` уште немаат вистински информации за донесување одлуки и дека медиумите во голема мерка го водат работите.По повеќе од осум години на американските разузнавачи во Авганистан, извештајот вели дека разузнавањето се` уште не е во состојба да одговори на прашањата за авганистанскиот народ и не може да ги информира американските и НАТО сили за средината во која тие оперираат.
Извештајот беше објавен во понеделникот од Центарот за нова американска безбедност, истражувачка организација со седиште во Вашингтон.