Линкови за пристапност

САД повторно ја отворија амбасадата во Јемен


Американската амбасада во Јемен повторно е отворена откако јеменските сили успешно се справиле со безбедносната закана што предизвика нeјзино дводневно затворање.

Американската мисија во Саана соопшти дека Јемен постапил по „специфичната област на загриженост" со изведување на контра-терористичка операција во понеделникот северно од Саана. Мисијата предупреди дека заканата од тероризам против американските интереси во Јемен останува на високо ниво.

Британската амбасада во Саана исто така повторно е отворена денеска, но јавните служби ги држи суспендирани.

САД и Британија ги затворија своите амбасади во Саана во неделата заради предупредувања за можен напад од ал-Каида. Јемен вели дека нивните сили убиле двајца членови на ал-Каида одговорни за понеделничката закана во операција во северниот регион на Архаб.

Јеменската влада исто така објави дека се уапсени петмина осомничени членови на ал-Каида во главниот град и во западниот регион Ходеида.

XS
SM
MD
LG