Линкови за пристапност

Обама ќе претстави реформа на анти-терористичката политика


Американски претставници велат дека претседателот Барак Обама во вторник ќе објави серија реформи на контратерористичката политика на државата, по обидот за напад на американски авион на 25 декември.

Обама ќе претстави нови мерки, меѓу кои и промени на листата за следење терористи, по средба со неговиот тим за национална безбедност.

Официјални лица велат дека претседателот ќе добие брифинг од директорот на ЕфБиАј Роберт Мулер за истрагата по обидениот бомбашки напад и исто така ќе разговара со генералниот правобранител Ерик Холдер за судската постапка по Нигериецот што е осомничен во случајот.

Обама исто така ќе добие брифинг по ревизијата на техниките за откривање терористи од Секретарката за домашна безбедност Џенет Наполитано.

Државната секретарка Хилари Клинтон, секретарот за одбрана Роберт Гејтс и директорот на ЦИА Леон Панета исто така ќе имаат средба со претседателот.
XS
SM
MD
LG