Линкови за пристапност

Во Дубаи претставен највисокиот облакодер во светот


Дубаи ја отвори највисоката зграда во светот со раскошна церемонија чија цел беше да го одвлече вниманието на светот од големиот должнички проблем на емиратот од Заливот.

Стотици набљудувачи го проследија свеченото пуштање во употреба на зградата од 200 катови, што го осветли небото со сијалици и огномет.

Со 828 метри, облакодерот ја надмина досега највисоката зграда во светот, Тајпеј 101 во Тајван, која сега е на второ место во светот со 508 метри.

Првиот човек на Дубаи, Шеикот Мохамед бин Рашид ал-Мактум, го именуваше облакодерот, за чија изградба беа потрошени 1, 5 милијарди долари, Бурџ Калифа, во чест на шеикот Калифа бин Зајед ал-Нахајан, лидер на соседниот емират Абу Даби.

Абу Даби финасиски го помогна државниот конглометар во Дубаи, Дубаи Ворлд, со пакет помош од 10 милијарди долари во декември.

Дубаи Ворлд ги потресе светските берзи во ноември откако објави дека не е во можност да плати 60 милијарди долари земени на заем.

XS
SM
MD
LG