Линкови за пристапност

Франција го отфрли иранскиот контра-предлог


Шефот на француската дипломатија Бернард Кушнер го отфрли последниот потег на Иран за неговите напори за забогатување на ураниум нарекувајќи го дипломатска „пируета“.

Во интервју за француското радио, Бернард Кушнер, рече дека е несериозно меѓународната заедница да го прифати иранскиот ултиматум за неговата нуклеарна програма. Тој рече дека дискусиите со Иранците ќе продолжат, но не за неговата нуклеарната програма.

Иран го отфрли рокот од 31-ви декември поставен од меѓународната заедница да прифати договор за збогатување на иранскиот ураниум во странство. Иран јави дека ураниумот ќе се користи за медициски истражувачки реактор. Наместо тоа, Техеран во саботата на Западот му даде рок од еден месец да го прифати контра-предлог.

Иран тврди дека нуклеарната програма е за мирољубиви цели. Но, западните држави не се согласуваат и сега разгледуваат можност за посилни санкции против Техеран.

Во меѓувреме, иранскиот режим ги згасна анти-владините протести кои еруптираа по контроверзните претседателски избори во јуни. Кушнер го осуди насилството од владините сили врз демонстрантите и рече не знае како ќе се развие борбата за превласт во земјата.

XS
SM
MD
LG