Линкови за пристапност

Ирак покрена постапка против американската фирма Блеквотер


Ирачката влада покрена постапка против приватната американска фирма за безбедносни услуги Блеквотер, неколку дена откако американски суд ги отфрли обвиненијата против петмина стражари кои се товареа за убиство на ирачки цивили во 2007.

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики во понеделник кажа дека владата формирала комисија и поднела обвинение против Блеквотер во Ирак и во САД. Друга информација за случајот не е позната.

Стражарите се обвинети за отворање оган на невооружени цивили на прометна раскрсница во Багдад во септември 2007, при што се убиени 17 лица.

Федерален судија во САД во четвртокот ги отфрли обвиненијата со образложение дека американската влада ги прекршила уставните права на стражарите.

Во петок, пак, портпарол на ирачката влада кажа дека одлуката наишла на неодобрување на ирачка страна зашто ирачката истрага нашла дека лицата извршиле кривично дело.

Граѓанска постапка покрената од десетина Ирачани против Блеквотер се` уште е пред суд во државата Вирџинија.

XS
SM
MD
LG