Линкови за пристапност

Шефот на Федералните резерви бара посилна финансиска регулатива


Раководителот на американската Централна банка во недела кажа дека посилна регулатива е најдобар начин за избегнување на идни финансиски кризи, но не отпиша зголемувања на каматните стапки.

Претседавачот со Фередалните резерви Бен Бернанке во Атланта, на годишната средба на Американската економска асоцијација, кажа дека лабавите стандарди за давање заеми, а не ниските каматни стапки, довеле до претходното зголемување на цените на домовите. Пазарот на недвижнини крахираше во 2008, предизвикувајќи глобална рецесија за која шефот на Федералните резерви рече дека била можеби „најлошата во модерната историја“.

Бернанке рече дека „треба да се направи се` што се може“ за да се зацврсти финанскиот регулаторен систем „со цел да се спречи повторно појавување на кризата“ или да се ублажат нејзините ефекти доколку тоа се случи. Сепак, тој додаде дека ако не се направат реформите или ако тие се недоволни, тогаш монетарната политика ќе мора да биде употребена за борба против претерана шпекулација.

Бернанке монетарната политика ја нарече „отворен инструмент“ и кажа дека повисоки каматни стапки би можеле да ја ослабат економијата.

XS
SM
MD
LG