Линкови за пристапност

Заради терористички закани затворени амбасадите на САД, Британија  и Франција во Јемен


Три западни амбасади во Јемен во понеделник не отворија заради загриженост од терористички напади.

Американската и британската амбасада останаа затворени втор ден, додека Франција го следеше нивниот пример со блокирање на пристапот за јавноста до нивната дипломатска мисија.

Американската амбасада вели дека заканите се од групата ал-Каида на Арапскиот полуостров, што е поврзана со Нигериецот кој неуспешно се обиде да го бомбардира авионот упатен за САД на 25 декември.

Јеменските сили велат дека во понеделник убиле два члена на групата во околината на Саана.

Јемен исто така се бори со шиитски борци по должина на саудиската граница и сецесионистички бунтовници на југот.

Шиитските милитанти, или Заиди, велат дека саудиските воени авиони убиле 16 цивили во близина на јеменско-саудиската граница во последните два дена.

Саудиска Арабија не коментираше по извештајот.

XS
SM
MD
LG