Линкови за пристапност

Федерер и Надал на тениски турнир во Абу Даби


Најдобрите тенисери во светот, Роџер Федерер од Швајцарија и Рафаел Надал од Шпанија играат во полуфиналните натпревари на егзибициониот турнир во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.

Федерер се среќава со осмопласираниот Робин Содерлинг од Шведска во повторувањето на дуелот од минатогодишното финале во Френч Опен. Надал и 17-пласираниот Давид Ферер ќе ги одмерат силите во шпанскиот дует.

Федерер го победил Швеѓанецот во сите 12 средби. Надал против Ферер има осум победи и три порази, но на тврд терен обајцата имаат по две победи и два порази.

Резултатите од егзибиционите мечеви нема да се одразат врз рангирањето на тенисерите на светската АТП листа.

XS
SM
MD
LG