Линкови за пристапност

Третиот мандат  Блумберг го чинеше 102 милиони долари


Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберт положи заклетва за трет мандат откако потроши рекордни 102 милиони долари да го осигура реизборот.

Наместо традиционалните инаугуративни прослави, 67-годишниот поранешен банкар на Вол Стрит, го минува
денот како волонтер во петте њујоршки општини.

Во изминатите 100 години, Блумберг е четврти градоначалник на Њујорк кој добил трет мандат. Тој доби право на реизбор откако го убеди градскиот Совет да направи измени во законот што дозволуваше најмногу два мандати за градоначалниците.

Милијардерот кој е на 17-тото место на листата на најбогати луѓе во светот, потрошил најмногу свои пари за политичка кампања во американската историја.

XS
SM
MD
LG