Линкови за пристапност

Монтана легализираше самоубиствo со помош на лекар за неизлечливи болни


Највисокиот суд во северната сојузна држава Монтана пресуди дека е легално лекарите да им помогнат на пациентите со неизлечлива болест да умрат.

Врховниот суд во Монтана во четврток одобри самоубиство со помош на лекар со што стана трета американска држава што ја легализираше оваа пракса. Судот кажа дека ниту законите во државата, ниту претходните судски одлуки, не индицираат дека процедурата е против јавната политика.

Одлуката уследи откако понискиот суд во 2008-ма се произнесе дека правото на граѓанинот за приватност и човечко достоинство загарантирано со Уставот им го овозможува правото на пациентите со неизлечлива болест да починат.

Лекарите отсега ќе може да им препишат неопходни лекови на таквите пациенти да си ги скратат маките без закана од судско гонење.

Северозападните држави Орегон и Вашингтон исто така им овозможуваат на лекарите да помогнат во самоубиства на пациентите со неизлечлива болест.

XS
SM
MD
LG