Линкови за пристапност

Заговорот за напад врз американски авион бил зачнат во Јемен


Еден од главните американски армиски лидери вели дека терористи од Јемен помогнале во плановите да се изврши обид за напад врз американски патнички авион на католички Божиќ.

Генералот Дејвид Петреус на новинарите во Багдад им рече дека САД и Јемен споделувале информации за Ал-Каида во земјата, вклучувајќи и активност која резултирала со неуспешен напад врз патнички авион.

Првиот човек на американската централна команда рече дека Јемен извршил „многу значајни“ операции против Ал-Каида и со некои од нив успеал да спречи серија самоубиствени бомбашки напади.

Генералот Петреус рече дека САД му помагаат на Јемен, но и неговите соседи исто така обезбедуваат значителна поддршка.

Претходно неделава, групата позната како Ал-Каида на арапскиот Полуостров ја презеде одговорноста за обидот за активирање бомба на летот од Амстердам за Детроит, истакнувајќи дека актот е одмазда за американската поддршка на операциите против милитантите од Ал-Каида во Јемен.

XS
SM
MD
LG