Полицијата во Пакистан соопшти дека 25 лица се убиени, а други повредени кога осомничен бомбаш-самоубиец активирал експлозив за време на натпревар за одбојка.
Експлозијата се случила во петокот во Лаки Марват, град во близина на племенските региони на Северен и Јужен Вазиристан. Во двата региона има зголемување на бунтовништвото.
Истражителите велат дека експлозијата ги уништила и соседните домови и стравуваат дека луѓе може да се заглавени под урнатините. Има различни извештаи дали бомбашот бил во возило или не.
Во друг развој на настаните, пакистански официјални лица велат дека најмалку тројца милитанти загинаа во вториот напад од американското беспилотно летало во изминaтите два дена.
Официјални лица дека леталото истрелало проектил врз автомобил што се движел во племенскиот регион на Северен Вазиристан во близина на границата со Авганистан.
Официјални лица и сведоци велат дека милитантите подоцна ја опколиле областа и ги преземале телата што биле изгорени до степен на неможност за идентификација.