Ирак вели дека „жали“ за одлуката на американски суд за
отфрлање на обвиненијата против стражарите на американското обезбедување
обвинети за убиство на ирачки цивили.
Портпарол на ирачката влада во петок кажа дека истрагата
на неговата држава покажала дека лицата го извршиле кривичното дело. Сега
ирачките претставници исто така велат дека
имаат намера да употребат други
законски средства за да се задоволи правдата.
Петтемина стражари работеле за Блеквотер Волдвајд,
приватна компанија најмена од американската влада. Компанијата оттогаш го
промени името во Сервиси Зи.
Но американски федерален судија во четврток ги отфрли обвиненијата против стражарите, пресудувајќи дека американската влада ги прекршила уставните права на обвинетите.