Линкови за пристапност

Папата повика на мир и толеранција во 2010


Папата Бенедикт ги поттикна Католиците во светот да практикуваат мир и толеранција во текот на 2010 во неговата традиционална Новогодишна порака.

Зборувајќи на мисата во Базиликата на Свети Петар, а подоцна пред голема толпа народ собрана во Ватикан за неговиот благослов, папата рече дека сите луѓе во светот заслужуваат почит, без оглед на нивната „боја на кожата, националност, јазик или религија."

Бенедикт кажа дека децата треба да научат толеранција на млади години, бидејќи светските градови се повеќе стануваат разнолики.

Лидерот на Римокатоличката црква исто така зборуваше против насилство и војна, и го обнови повикот за еколошка свест. Тој рече дека почитта спрема човештвото, што доаѓа од практикување мир и толеранција, треба да биде поврзана со почитта за животната средина што е загрозена.

XS
SM
MD
LG