Линкови за пристапност

Иранскиот опозиционен лидер испрати ново предупредување


Врвниот ирански опозиционен лидер Мир Хосеин Мусави ја предупредува владата во Техеран дека нема да биде во состојба со сила да го задуши реформистичкото движење и рече дека не се плаши да стане маченик.

Во соопштение поставено на опозиционите страници на Интернет во петок, реформистот рече дека Иран се наоѓа среде „сериозна криза".

Мусави предупреди дека со затворање или убивање на опозициони лидери нема да ја смират ситуацијата. Тој исто така ја повика владата да усвои план во пет точки кој вклучува ослободување на политички затвореници и воспоставување на нови, транспарентни изборни закони.

Соопштениетоуследи по едно од најлошите насилства што ја погодиле земјата од јуни, кога претседателот Махмуд Ахмадинеџад ги доби оспорените избори.

За време на петочните молитви во Техеран,свештеник од тврдата линија кажа дека оние што се зад нередите треба да бидат во затвор. Тој исто така ги обвини за корумпираност – што според Исламскиот закон се казнува со смрт.

XS
SM
MD
LG