Линкови за пристапност

Koja храна носи среќа во Новата година?


Што имаат заедничко - глава од јарец, крофни наполнети со јаболка и супа со црн пипер? Според обичаите во различни држави, секое од овие јадења ќе донесе 365 денови на среќа ако се јаде на Нова година.

На некои места, јадењето свинско месо или свински продукти се смета дека носи просперитет. Во многу други, јадењето риба значи прогрес. Зелен зеленчук е популарна храна во светот за време на новата година, при што неговата боја и структура симболизира пари и финансиски успех. Хрватите и Македонците, на пример, јадат сарми од листови на зелка, Германците јадат подварок, додека Американците одат со кељ и лобода.

За оние кои ја сакаат сета среќа од светот, ресторанот Нага во Вашингтон го има токму тоа на менито. Главниот готвач и ко-сопственик Глен Бабкок направил мени од седум курсеви на јадења од цел свет, од кои секое се верува дека носи еден од седумте аспекти на среќата.

„При истражувањето на идејата за среќа, ја поделивме на седум големи делови – долговечност, заштита, мудрост, просперитет, љубов, успех и среќа“, вели тој.

Со проширување на овој традиционален поглед на свет, дојдено е до мешање на состојки за секој курс на јадење од различни културни и верски традиции.

Бобкок вели дека се надева оти неговото мени ќе ги прошири идеите на нивните гости за тоа што е среќа, и каков вкус може таа да има.

Независно дали јадете грозје на полноќ или пиете вино од палма во надеж за слатка 2010-та, сепак до вас самите е да ја пронајдете среќата.

XS
SM
MD
LG