Премиерот Стивен Харпер ќе биде домаќин на големите економски сили во светот во Онтарио, во јуни, за годишниот самит што се очекува да биде фокусиран на слободната трговија, демократија и човекови права.
Канада го презема претседателството од Италија, што претседаваше со дебатите во 2009 за безбедност на храната, како и за нуклеарните програми на Иран и Северна Кореја.
САД, Јапонија, Германија, Франција, Британија, Италија, Канада и Русија ја сочинуваат Г-8.
Канада исто така ќе претседава на овогишната средба на Г-20 развиени и земји во развој и ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер.