Стотици илјади луѓе се собраа на Тајмс Сквер во Њујорк,
на полноќ во петокот кога 2010 конечно пристигна во континенталниот дел на САД.
Славениците го придружија спуштањето на традиционалната
кристална топка со радосни извици. Топката се спушти по 23-метарски столб во
последната минута на 2009. Огромната толпа луѓе беше таму наспроти студеното
време со температури до мунус еден степен целзиусов.
Њујоршката полиција имаше нагласено присуство на
историската туристичка атракција по
неуспешниот напад на Божиќ, на американски авион што го обнови стравувањето од
терористички напад. Властите ја прегледаа областа со опрема за откривање
биолошки материи и радијација.
Белата куќа ја објави Новогодишната честитка од
претседателот Барак Обама. Обама призна дека 2009 била тешка за многу
Американци, но вети дека „претстојат посветли денови..."
Азиски и европски главни градови, меѓу кои
Лондон, Париз и Берлин веќе ја имаа прославено 2010 со огномет и веселби.
Германците танцуваа пред Брандербуршката порта во Берлин, со диск-џокеи и музички групи кои настапуваа во живо.
Претходно, огномет го осветли небото над Кремљ, со сто илјади Руси на Црвениот плоштад дојдени да ја пречекаат новата година.
Цели семејства, од бебиња до стари луѓе, се спротивставија на рускиот студ за да јадат, пијат и да се забавуваат на традиционалната прослава за Новогодишната ноќ.