Линкови за пристапност

Пакистан бара доживотна казна за пет Американци


Пакистанската полиција планира да побара од судските власти да покренат обвинение за тероризам против пет Американци уапсени во Пунџаб на почетокот на месецов и да ги осудат на доживотна казна затвор.

Полицијата вели дека наскоро ќе заврши со истрагата за петте млади муслимани. Се очекува тие да се појават на суд на 4-ти јануари. Петмината беа уапсени во домот на лидерот на забранетата милитантна група Џаиш е Мухамед во близина на градот Саргода на почетокот од декември. Оваа група има врски со Ал-Каида.

Истрагата тврди дека осомничените користеле Интернет страници во обид да стапат во контакт со милитанти во Пакистан пред да отпатуваат за земјата на крајот на ноември. Пакистанските власти тврдат дека тие планирале да нападнат објекти во земјата, меѓу кои најверојатно и нуклеарна централа.

XS
SM
MD
LG