Линкови за пристапност

Финската полиција пронајде тело што најверојатно е на напаѓачот од трговскиот центар


Финската полиција нашла тело за кое верува дека е на напаѓачот кој уби пет лица во трговски центар во финскиот град Еспо. Полицискиот началник Јука Каски потврди дека осомничениот е 43 годишниот Ибрахим Шкуполи, етнички Албанец од Косово. Тој бил пронајден мртов во стан во Еспо. Полицијата се сомнева дека се работи за самоубиство. Во друг стан полицијата нашла тело за кое се верува дека е на поранешната девојка на Шкуполи, од Финска, родена во 1967-ма. Властите наведуваат дека осомничениот имал судска забрана да биде во нејзината близина.

Сведоци тврдат дека човек облечен во црно четвртоктот почнал да стрела во трговскиот центар, предизвикивајќи паника меѓу стотици купувачи. Загинале четири лица.

XS
SM
MD
LG