Линкови за пристапност

Талебан презеде одговорност за последните странски жртви


Милитантите на Талебан презедоа одговорност за одвоени напади во кои загинаа осуммина Американци и еден Авганистанец во американска база во источен Авганистан, како и четворица канадски војници и еден новинар на југ на земјата.

Нападот во источната покраина Кост го извршило лице облечено во авганистанска офицерска униформа, кое детонирало експлозив во вежбална во базата. ЦИА соопшти дека во нападот загинале седум нејзини членови, а шест биле ранети. Осмиот загинат работел за Стејт департментот. Ова се смета за еден од најкрвавите поединечни напади против ЦИА.

Инцидентот во јужната покраина Кандахар, во кој загинаа четворица канадски војници и новинар кој патувал со нив, се должи на патна мина.

XS
SM
MD
LG