Линкови за пристапност

САД и Русија со различни ставови за потенцијално опасен астероид


Две од најголемите вселенски програми за истражување на вселената се со различни ставови за тоа дали огромен астероид ќе ја погоди Земјата за неколку децении.

Руската вселенска агенција вели дека наголемо ќе инвестира за да спречи 270-метарскиот астероид, познат како Апофис, да ја погоди Земјата за 20 до 25 години. Американската вселенска агенција – НАСА, пак, коментира дека е охрабрена од тоа што Русија инвестира во науката, но смета дека шансите Земјата да биде погодена од Апофис се мали и дека тоа „речиси сигурно не претставува проблем“.

Директорот на Руската вселенска агенција Анатолиј Перминов изјави дека е подобро да се потрошат стотици милиони долари отколку да се чека да загинат стотици илјади луѓе. Меѓу плановите е и лансирање на ракета што би се судрила со астероидот и би ја сменила неговата патека.

Научниците го открија Апофис во 2004-та.

XS
SM
MD
LG